Добар ден и попладне, зависно од каде сте!
Моето име е Илајша и имам 19 години. Родена сум и израсната на убавата Аруба, сончев остров обиколен со сини плажи и бели песоци, сместена на Карибите.
Студирам моментално за предшколска учителка бидејќи сакам да работам со деца и стрплива сум со нив. Решив да го следам својот сон и да станам учителка за деца за да им пружам одлично воспитување, зошто тие ни се иднината.
Решив да волонтирам во Скопје каде исто така можам да работам со деца и тоа ќе ми помогне да ги разберам и поминам време со деца од различна културна средина. Креирањето на списанието е исто нешто ново за мене и учењето нови вештини е одличен начин за развој. И секогаш им велам на другите-помагај за да ти помогнат (Биди позитивен и позитивни работи ќе ти се случат).
Во слободното време сакам да цртам, слушам музика, поминувам време со семејството и пријателите, да пешачам посебно во природа. Сакам да го сликам небото, блогер сум и многу креативна личност и сакам и во иднина да бидам блогер. Иако сум малку срамежлива. Се надевам дека ќе успеам да бидам учителка./блогер.
Многу сум дружељубива личност. Сакам нови пријателства и да си поминувам убаво со пријателите и семејството. Најдоброто од доаѓањето во Македонија е запознавањето нови пријатели од различни земји и да видам како таму живеат во нивните земји. И секако да научам некои нови зборови! И креирање нови пријателства со волонтерите.
Првпат ми е во Македонија и веќе многу ми се допаѓа. Планините се прекрасни, времето е убаво споредено со Аруба, луѓето во ВЦС се пријатни и пријателски настроени. Се чувствувам како дома. И да се дојде од мал остров во голем град е нешто ново, со нови пријатели и помош на заедницата, тоа е најдобриот дел. Очекувам да створам нови спомени со ВЦС семејството.
Илајша Милтон
Организација-испраќач: CEDE Aruba