Здраво! Се викам Хакан и сум 20-годишен истанбулчанец. Јас сум апсолвент, кој студира политички науки и меѓународни односи. Имајќи предвид дека моето дипломирање е веднаш „зад аголот“, сфатив дека додека се фокусирав на часовите, не придонесов доволно за мојата заедница и не бев активен член на општеството. Поради тоа, сметав дека патувањето како ова во Волонтерски Центар Скопје ќе ми донесе извонредно искуство.
Уживам да истражувам нови земји и јазици. Се трудам да научам што повеќе фрази од различни јазици. Играм одбојка и трчам крос-кантри.
Ова ќе ми биде првпат да бидам во улога на волонтер. Иако не знам што да очекувам или што ќе донесе овој месец – знам дека ќе се обидам да уживам во секоја секунда од него и да собирам убави спомени.
Сулејман Хакан Куру