Мерхаба! Се викам Фуркан и имам 21 година. Роден сум во Истанбул, но живеам во срцето на Турција – Анкара. Студирам на Универзитетот ТОББ, отсек: политички науки и меѓународни односи. Ме интересираат различни работи, па затоа немам никакви проблеми со комуникацијата со луѓето.
Сакам да запознавам луѓе од други култури. Исто така, сакам да готвам традиционални јадења од мојата земја. Многу ме интересираат географијата и историјата, па ми претставува задоволство да посетувам различни места и да учам историски информации за нив. Спортот е важен дел од мојот живот, бидејќи сум голем навивач на Бешикташ.
Студирањето или работењето во странство ми е сон од детството. Кога ја видов можноста да бидам волонтер во ВЦС, не ми требаше време за размислување. Преку моите комуникациски вештини, способноста да работам добро во тим и подготвеноста да преземам одговорност – верувам дека можам да дадам вреден придонес во проектот.
Ја гледам оваа програма не само како волонтерски проект, туку како значаен чекор во моето патување кон самооткривање и личен развој. Искрено сум возбуден поради можноста да бидам дел од ВЦС и убеден сум дека ова искуство ќе биде заемно корисно: и за мене и за мојот тим.
Почнуваме!!
Фуркан Огут
Организација-испраќач: Avrupa Birliği Çalışmaları Merkezi Derneği