Здраво на сите! Јас сум Елиф од Турција и носам многу прегратки од Анкара и од Болу. Живеам во Анкара, но учам во Болу. Постојано патувам меѓу овие два града. Анкара е главен град и како и во секој главен град, има многу метеж, згради и хаос, но Болу е мал тивок град и е познат по својата природа, езера и шуми.
Студирам психологија, имам уште една година до дипломирањето и во текот на летото ќе стекнувам пракса во Волонтерски Центар Скопје. Барав нови предизвици, па сакав да стажираам во странство и ВЦС ми ја даде оваа шанса. Сигурна сум дека ова лето ќе добијам многу искуства и малку килограми плус, бидејќи македонската храна е неверојатна!
Во слободното време сакам да гледам „ситкоми“, да поминувам време со моите пријатели и моето семејство. Јас сум кошаркарка, иако веќе некое време не наоѓам време за често да играм. Исто така, сакам да ги гледам и следам тимовите. Сакам кампување и би сакала да откријам камперски области и во Македонија.
Значи, има многу работи што треба да се направат, па да почнеме!
Елиф Акдоган