You are currently viewing Повик за обука во Романија!

Повик за обука во Романија!

Волонтерски Центар Скопје бара учесници (+18 години од Македонија), кои што ќе сакаат да учествуваат во обука “Facilitation skills for inclusive educational activities” во Романија.

Место: Касоаја/Арад, Романија
Датум: 14.07 – 22.07.2023

За проектот:

Oбуката се базира на програмата „World of Difference Train-the Trainer”, ќе ги обучува младинските лидери за полесно спроведувание на работилниците решавање на различностите, интеркултурализмот и антидискриминацијата во општо. Затоа, оваа обука е наменета за секој учесник кој завршил обука за Thematic Awarness, на која било тема.

За повеќе информации: ИНФО-ПАКЕТОТ
Партнер на проектот: Ofensiva Tinerilor

Технички детали: Проектот е финансиран од ЕРАСМУС+, така што сите патни трошоци (до 180 евра) ќе бидат надоместени според прописите на ЕРАСМУС+.  Храната и престојот ќе бидат обезбедени.

Како да аплицирате?

  1. Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик —> Формулар за апликација
  2. Закачете го вашето CV на англиски јазик во формуларот за апликацијата.

Краен рок за аплицирање: што е можно поскоро

Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.