Здраво на сите! Јас се викам Клои, имам 21 година и доаѓам од Стразбур во североисточниот дел на Франција.
Ме интересира откривање нови јазици и култура, поради што дипломирав на Отсекот за „Јазици и интеркултуралност“. Учев англиски, руски и бугарски јазик. Додека студирав, добив можност да учествувам во неколку летни школи во Бугарија. Уживав во нив, бидејќи научив интересни и корисни работи. Така ми дојде на ум и идејата да земам учество во некоја друга програма во странство, што ме наведе да го откријам ВЦС.
Во текот на претстојната волонтерска година, би сакала да излезам од мојата удобна зона со тоа што ќе бидам во сосема нова средина и ќе стекнам нови вештини, кои, исто така, би можеле да ми бидат корисни во иднина. Секако, сакам да ја откријам и Македонија, како и македонскиот јазик. Генерално, сакам да го проширам моето знаење за Балканот, бидејќи стана регион што мене ми е особено драг.
Овде сум само еден викенд, но веќе чувствувам дека ова ме чека неверојатно искуство!
Клои Гаши
Организација-испраќач: Solidarités Jeunesses