Здраво!
Јас сум Камила и доаѓам од Лил, Северна Франција. Имам 21 години и дипломирав бизнис втор степен. Покрај бизнисот, она што го учев во Франција, јас сум и постара сестра, добар пријател и скаут шеф веќе една година (инаку сум скаут уште од 2008 година).
Како личност која што е љубопитна за светот, сакам да патувам и откривам нови места, луѓе и култури. Убедена сум дека можеме да научиме многу од животот и едни од други. Откривањето на светот ги проширува нашите хоризонти и го збогатува нашето знаење.
Мислам дека сега е вистинскиот момент за мене да направам пауза од една година, да се запознаам себе си и да го откријам светот. И, можеби, да откријам што сакам да работам.
Затоа сум тука, како волонтер во ВЦС, да бидам корисна и да ја запознам Македонија (што не е само салата како што Французите мислеа).
Благодарание на ова искуство, се надевам дека ќе станам независна и самостојна личност, бидејќи сум помалку срамежлива.
Ја започнав мојата авантура со тим-билдинг викенд во Љубојно. Благодарение на тоа, се прилагодив и станав дел од прекрасното семејство на ВЦС. Се надевам дека ќе продолжи вака.
Посакајте ми среќа…
Камил Лабаји
Преведувачка: Ангела Рајчевска