You are currently viewing Топло добредојде за Тамина од Германија!

Топло добредојде за Тамина од Германија!

Моин!

Јас се викам Тамина, имам 18 години и доаѓам од Хамбург, Германија. Ме интересира литература, политика, историја и уметност! Го ценам убавото капучино по посетата на музејот и сум сопственик на два брановидни папагали (ако ве интересираат повеќе забавни факти).

Во мојот град се занимавам со волонтерска работа уште од средно училиште и секогаш убаво си поминував на работа со деца и младинци. Така што, кога конечно завршив средно образоваие, бев повеќе од возбудена да волонтирам со други млади луѓе во странство.

После збунувачки процес на виза и околу еден месец доцнење, конечно пристигнав во Скопје! Пристигнувањето во Македонија, земја за која никогаш порано не сум слушнала пред да почнам да барам информации за волонтирање, беше подеднакво стресно колку и возбудливо. За среќа со дождливото време веќе се чувствував како дома.

Во овие 23 часа од кога сум овде, веќе запознав супер убави луѓе и истражив мал дел од градот.

Веќе сум воодушевена што ќе ја поминам следната година работејќи на различни проекти, запознавајќи нови луѓе и повеќе за македонската култура. Се надевам дека и ќе научам и нешто на македонски.

Многу љубов,
Тамина Шулце