Волонтерски Центар Скопје, во соработка со Општина Кисела Вода, по повод Меѓународниот ден на Волонтерството, на 5ти Декември, со почеток во 17:00 ќе одржи панел дискусија, на тема “Волонтерството како алатка за активирање на младата популација”. Панел дискусијата е отворена за присуство на сите граѓани, здруженија на граѓани, правни субјекти и друго. Локацијата на одржување на настанот е големата сала за состаноци на Советот на Општина Кисела Вода. Ве очекуваме!!!