You are currently viewing Повик за волонтери во Хрватска

Повик за волонтери во Хрватска

Ова е можност да искусите авантура во странство додека се здобивате со корисни вештини и подучувате млади луѓе. Дали сте отворени за нови култури и на возраст помеѓу 18-30 години? Тогаш пријавете се за волонтирање во Загреб, Хрватска. Ова е проект од Европскиот Солидарен Корпуспод Еразмус+, што значи дека се покриени вашите трошоци за патување, осигурување, сместување и месечен надоместок за храна и џепарлак.

Место: Загреб, Хрватска

Датум: 01.05-27.06.2021 година

За проектот: Волонтерските активности ќе се одвиваат во едно од предградијата на Загреб, Хрватска во периодот помеѓу 01.05 и 26.06.2021 година, заедно со 10 млади луѓе од Чешка, Данска, Ирска, Литванија, Малта, Македонија, Норвешка, Шпанија, Тунис и Украина.

Волонтерски задачи:Ќе креирате и изведувате работилници за локалните деца од училиште за различните култури. Ќе ја претставувате вашата земја, јазик, историја и култура на децата во пост-училишна програма. Покрај тоа, ќе имате можност да организирате сопствен проект-со цел подобрување на квалитетот на животот во локалната заедница.

Технички информации:Сите 10 волонтери ќе бидат сместени во Funk Loung хостелот кој се наоѓа во центарот на Загреб. За потребите на проектот собите ќе бидат резервирани само за учесниците на проектот.

За повеќе информации прочитајте Инфо-пакетот

Будно ја мониторираме состојбата со COVID19 и ќе ве информираме за евентуални промени во датумите на проектот, за да го осигураме вашиот безбеден престој во Хрватска.

Како да аплицирате?

  1. Испратете емаил на: vcs_contact@yahoo.com
  2. Напишете во Предмет називот на проектот
  3. Претставете се накратко и наведете за кој проект сте заинтересирани
  4. Закачето го вашето CV на англиски јазик
  5. Закачете Мотивациско писмо на англиски јазик, одговарајќи барем на сл. прашања:
    • Кој сте вие?
    • На која возраст сте?
    • Зошто сакате да учествувате?
    • Како ќе допринесете за проектот?

Крен рок за аплицирање: 10 Април 2021 година