Annual Report 2020

Annual Report 2020

Секоја година ВЦС ви нуди нешто ново-нови проекти, идеи, луѓе, предизвици. Она што останува исто е дека ние сме посветени на нашата работа и заедничка соработка со младите низ цела Европа, го промовираме волонтерството и донесуваме можности за секого.

Несомнено годината 2020 беше посебна. Covid-19 пандемијата имаше влијание на целиот свет. Луѓето од постојани патувања и дружења во групи преминаа на социјална дистанца преку одржување на онлајн состаноци. Во НВО секторот беше посебно предизвикувачки да се најде решение како да се продолжи понатаму, со оглед на тоа дека во нашиот свет се работи за луѓе и меѓусебна интеракција. Многу од нашите проекти се одржаа онлајн или беа одложувани, но сепак застанавме цврсто приспособувајќи се на новата реалност. Бевме дел и реализиравме многу важни проекти и бевме во комуникација со далечни партнери. И во наше име, би сакале да се заблагодариме на сите наши партнери и волонтери за заедничкото несекојдневно патешествие, без притоа да загубиме мотивација, инспирација и надеж.

Погледнете во нашиот Годишен Извештај за 2020 година, каде ви презентираме како ВЦС работеше во изминатата година!

Преземете PDF тука | Погледнете во ISSUU