Септември носи измешани чувства со крајот на летото и почетокот на есента, прикажува слики од промената на годишните времиња, како лисјата добиваат живи бои и температурите опаѓаат. Овој месец содржи извесен мир како што животниот тек се менува и веќе е време за размислување и припреми за месеците што следуваат.
За размислување можете да најдете интересни теми за мрачната страна на Интернетот, како на Јун темата на месецот „Големиот брат ве гледа“, што се однесува на загрижувачкиот недостаток на приватност, додека текстот на Георгина „Темната страна на социјалните медиуми“ го нагласува вознемирувачкото ширење на дезинформации. Нѐ предупредува да бидеме претпазливи, критични и свесни за информациите на кои налетуваме. Септемвриското издание на „ВОИСЕС“ ни овозможува да ги прошириме нашите познавања со психолошката тема од Елиф „Хало ефект“ која истражува како ги формираме нашите судови. Можете да го почувствувате последниот здив од летото и да се задлабочите во разновидноста на кујната и специјалитетите од Аруба со Шантал. Откријте ги ефектите од персоналните тестови и астрологија, прочитајте за искуството да се биде далеку од дома и добијте увид за светот на каратето и одбојката.
Пречекајте ја есента со широки погледи и истражете нешто ново преку нашето најново издание. Сето тоа за прекрасен почеток на есента!
Александра Шумјелевич