You are currently viewing VOICES November 2024

VOICES November 2024

Несогласувањата честопати започнуваат поради разлики во мислењата, сеедно дали се на училиште, дома или на друштвени собири. Овие разлики може да доведат до конфликти кои, пак, ако не се изменаџираат внимателно, може да наштетат на релациите меѓу луѓето. Според мене, неопходно е да се разговара за сите теми, особено кога се однесуваат на важни прашања. Сепак, за овие дискусии да бидат продуктивни, од клучно значење е отворено да ги слушате туѓите ставови. Кога на луѓето им е приоритет да бидат слушнати, наместо да слушаат – дискусиите бргу може да се претворат во конфликти и лесно може да се случат погрешни толкувања.

Верувам дека луѓето се воспитуваат различно, а различностите може да ги видиме во нашите семејства, кај соседите, пријателите, колегите, наставниците, секако и кај странците. Тие имаат пристап до различни факти и имале различни лични искуства додека растеле, како што е верувањето дека тоа што знаат помалку за некоја тема ги прави помалку достојни. Со други зборови, тие се грижат само да бидат во право и да докажат дека не се без знаење. Исто така, онлајн платформите го прават несогласувањето уште поедноставно, бидејќи им овозможува на луѓето да го кажат своето мислење без да се соочат со какви било реални последици во споредба со интеракциите лице в лице.

Да се ​​биде добар слушател е начин да покажете дека ја почитувате и разбирате перцепцијата на другата личност. Тоа ја прави поголема веројатноста дека тој или таа ќе го направи истото за вас. Кога другата личност зборува, обидете се да се спречите да размислувате зошто не се согласувате со кажаното и што ќе одговорите во врска со тоа. Несогласувањата создаваат тензија, а дискусијата, кога се води во вистинско време и на вистински начин, може да ни помогне подлабоко да ги разбереме нашите и ставовите на другите.

Нина Пел