Го означуваме почетокот на ноември. Можеби е сега тоа време од годината кога треба да седнете, да се потпрете наназад и да се опуштите. Со постудените денови и уште постудените ноќи, станува јасно дека летните денови се зад нас. Без разлика на се, мораме да се обидеме да го извадиме максимумот од секој следен ден. Иако, за некои кои можеби се дома или, пак, за другите што се надвор ќе нема подобро време за истражување во светот на „Воисес“.
Ве водиме низ низа интригантни статии; од расположените приказни до горчливата реалност на нашите еколошки проблеми. Почнувајќи од темата на месецот, ги разгледуваме неверојатните длабочини на Карипските мориња преку „Природата на слободното нуркање“, од Александар. Нешто релаксирачко и забавно. Спротивно на тоа, за да ги отвориме очите, Таика ни ја прдочува тешката вистина за тоа како микропластиката го окупира нашиот секојдневен живот преку храната што ја јадеме, па дури и во воздухот што го дишеме. За да го изградиме нашиот дух, можеме да го следиме советот на Александра преку „Потврдување на позитивноста“. Оваа разновидност продолжува низ магазинот, каде ги покриваме спортот, науката, мислењата, културата, репортажите и програмата „Еразмус+“.
Како што се приближуваме до крајот на нашиот вовед, a вашата љубопитност е задоволна, не двоумете се да си подготвите топло чоколадо, гушнете го ќебето и читајте го ноемвриското издание на „Воисес“.
Александер ван дер Велден