Кога последен пат размислувавте за тоа што, всушност, консумирате?
Секој ден сме бомбардирани со вести и реклами, што нè тера да се чувствуваме сè повеќе одвоени од нашите емоции. Закопани под кампањи за најновиот микро тренд, го гледам мојот мозок како вреска за помош – преплавен од сите лоши вести.
Значи, бегањето во безбедноста на нашите истомислечки меурчиња на интернет го олеснува заборавањето на светот околу нас, но и дека постојат и други мислења и ставови.
Сепак, како што рече Хегел: „Вистинските трагедии во светот не се конфликти помеѓу доброто и лошото. Тие се конфликти помеѓу две права.“
Затоа, отвореноста кон мислењето на другиот или барем почитувањето – станува сè поважно, особено кога луѓето почнуваат да се чувствуваат премногу удобно зад својата анонимна онлајн личност, отстранувајќи го стравот од последици. Овој штит им овозможува на корисниците да ги напуштат општествените норми, создавајќи опасни, дехуманизирани средини.
Затоа, да станеме повнимателни во нашите постапки и да ги читаме написите од ова издание со совест.
Нели Винцер
