Здраво на сите во месецот на жените и на пролетта, што значи дека доаѓаат топли денови!
Овој месец е многу посебен за жените, особено 8-ми март кога го одбележуваме нивниот ден и треба да им кажеме посебно „благодарам“ за сите женски достигнувања во општеството. И да не заборавиме да се бориме за родова еднаквост. Во темата на месецот можете да дознаете за повеќе еколошки производи што можат да се користат за време на менструалниот период, а сепак да траат повеќе од еднаш. Можете, исто така, да откриете како притисокот врз жените за секс е лош за двете страни.
Дали сте уморни да јадете исти јадења одново и одново? По неверојатно интервју со Стефан – таквите денови ќе му припаѓаат на минатото. Едно интервју не беше доволно, во ова издание на „Воисес“ имаме вкупно три. Едното зборува за волонтер во невладина организација што им го разубавува секојдневието на децата со канцер, а другото е со две жени кои раскажуваат за придобивките што коњите можат да ги имаат во животот на луѓето.
Пролетта носи убаво време, а тоа значи дека е време за вежбање на отворено, а можеби ќе се пронајдете во статијата за „новите“ спортови. Со спортот секогаш оди добра музика, дознајте зошто Тејлор Свифт ја менува музичката индустрија.
Жозе Родригеш