Како што ВЦС навршува 15 години постоење така ние им оддаваме почест на сите оние кои беа инспирирани да напредуваат во тој период. Но да бидеме малку поконкретни! Што е ВЦС всушност? За мене, тоа е промената и задоволството преку малите акции. Се разбира, волонтерите ја оставаат својата зона на комфорт зад себе, за сметка на нови почетоци, на непознат терен-поголема промена-Здравје! Како и да е, како што јас гледам на работите, убавината на овие патешествија е скриена во секојдневните малечки задоволства. Во Кисела Вода ние со восхит ја поздравуваме пролетта и волонтерите кои доаѓаат во нашето семејство. И додека новодојдените мачки во соседството нé забавуваат, пријателчињата поминуваат во нашата канцеларија и не се сеќавам кога последен пат бев напната или имав потреба од календар. Промената во нашиот став започнува со малку повеќе свесност. Па ајде да се забавуваме во сончевите денови, со утринското кафе и се разбира, со најновото издание на нашето списание ВОИСЕС.
Клариса Леуте