You are currently viewing ВОИСЕС јуни 2024

ВОИСЕС јуни 2024

Времето минува толку брзо. Се чувствувам како постојано да се забрзува. Не знам дали и вие го мислите истото, но понекогаш се чини дека светот се менува побрзо од порано. Можеби тоа е затоа што стареам. Или, пак, затоа што информациските системи работат побрзо, социјалните медиуми се на „копче“ и може да се поврзеш со другата страна на светот за неколку секунди. Иднината изгледа опасно, климатските промени и влијанието на човековата активност врз животната средина не притискаат да ги промениме нашите навики и да размислуваме од денес за утре. Чувствувам дека живееме повеќе во итност. Итност да се најдат решенија за нашата иднина, бидејќи токму сега ги гледаме последиците. И овие последици ќе ги преземат идните генерации. „Gen Z“, а потоа и „Gen Alpha“ се веќе меѓу нас. Сигурно припаѓате на овие генерации, исто како мене. Па, можеме да кажеме дека нашата иднина е загрозена сега. 

Овие зборови можеби звучат песимистички, но треба да бидеме и оптимисти за иднината. Затоа што се создаваат многу иновации и се предлагаат решенија. Новите генерации, навистина, сакаат да ги променат работите и не сакаат само да гледаат како се троши нивната иднина. Имаме толку многу идеи и можности да ги споделиме во светот. Така што, можеби светот се забрзува, а проблемите доаѓаат побрзо, но, исто и решенијата. 

Мислам дека треба да најдеме среќна средина, помеѓу реалноста на брз свет и нашата потреба да дишеме. Да го најдеме нашиот простор каде времето застанува и каде можеме да одвоиме време за да уживаме во она што светот може да ни го даде: култура, природа, пријатели, семејство или знаење. Технологијата ни дава можност да запознаеме луѓе од целиот свет, да слушаме нова музика, да стекнеме нови знаења и пред се, да наоѓаме и споделуваме решенија. Наша одговорност е квалитетно да ја користиме оваа брзина.

Аугустин Магауд