Во април, седев на кампусот во Анкара, размислувајќи за плановите за летна пракса. Немав поим дека за само неколку недели, сè во мојот живот ќе се промени. Додека ги разгледував универзитетските програми, наидов на тримесечна можност за волонтирање во Скопје, Македонија. Во тој момент сфатив дека нешто важно ме чека.
Ова беше мој сон уште од детството: да живеам во странство, да запознавам луѓе од различни култури, да работиме заедно и да бидам дел од нешто големо. Одеднаш, тој сон стануваше реалност. Јас и мојот другар Ефе требаше да патуваме на место каде што никогаш порано не сме биле, но не поради одмор, туку за да придонесеме, да учиме и да истражуваме.
Од моментот кога слетавме во Скопје, сè се чувствуваше поинаку. Нè опкружуваа нови лица, нови јазици и сосема поинаков начин на живот. На почетокот се чувствувавме како странци, но многу брзо ова место почна да го чувствуваме како дом.
Три месеци можеби не изгледаат многу, но во овој период стекнувам десетици нови пријателства, поширока перспектива и, најважно од сè, нова верзија од себе.
Научив дека понекогаш животот може целосно да се промени преку една одлука или онлајн апликација. Сега, гледајќи наназад, знам дека ова беше еден од најдобрите избори што сум ги направил во последниве години.
Затоа, не двоумете се. Прифатете го предизвикот и живејте.
Фуркан Огут
