„Успехот не е конечен, неуспехот не е пропаст, тоа е храброст да се продолжи понатаму“ – Сер Винстон Черчил
Еве сме уште еднаш, објавуваме сосема нов (и се надеваме одличен) Воисес. Овој месец, нашите текстописци се потрудија да ви понудат длабокоумна и разновидна содржина.
Вревата можеби не е нешто вредно да се забележи но што е со одсуството на звуци? Матис предлага и нѐ замолчува со оригинален текст во кој ја допира тишината, додека Догукан нѐ запознава со Икигаи концептот, а Ангела нѐ повикува да размислиме за Фантастиката и Реалноста во Романија. Кога веќе еднаш ќе стекнете дел од свесноста, ќе ѕирнете и во величенственоста до Јулија, ќе се запознаете со пакистанскиот активист Малала Јусафзаи, благодарени на Викторија и ќе прочитате малце поезија со Дафина пред да и се придружите на Евелина на шоља кафе и шопинг со Кирси на половна облека.
И потоа, додека размислувате за вашата следна преселба во странство, ве повикувам да размислите за следното: дали се замислувате себе си како мигрант или иселеник? И конечно, дали сте во исчекување на „Тенет“ на Кристофер Нолан? Зошто јас сум. Се надеваме дека ќе уживате во ова издание колку што ние уживавме додека го обликувавме. Ви бладоариме бескрајно што нѐ читате, бидете среќни и се гледаме подоцна!
PDF: Воисес Август 2020