You are currently viewing VET INTERNS IN VOLUNTEERS CENTRE SKOPJE

VET INTERNS IN VOLUNTEERS CENTRE SKOPJE

Волонтерскиот Центар Скопје и во 2018 година продолжува со добрата практика на хостирање во рамките на Еразмус+ програмата. Врз основа на нашата успешна приказна од 2017 година пред извесно време ги пречекавме нашите VET практиканти (Vocational Education and Training) од Шпанија на кои сме домаќини во соработка со шпанската Aсоцијација Мундус. Тања, Паула, Денис и Рубен се новите практиканти што ќе работат во македонски компании за да разменат добри практики и да се стекнат со нови вештини во период од 3 месеци за време на нивниот престој во Македонија.

Тања и Паула се на туризам и  тие студираат за да се стекнат со нивниот Сертификат за Високо образование. Тие ги надградуваат своите капацитети во Арбо туристичката агенција креирајќи нови конекции, откриваат нови туристички дестинации што оваа агенција ги нуди за своите клиенти. Тие веќе посетија нови дестинации во Црна Гора, Хрватска, Грција и Словачка. Тања која доаѓа од градот Теруел во Шпанија вели дека за нејзината професија секогаш е пожелно да се излезе од својата комфорт зона и да се откриваат нови култури и обичаи бидејќи тоа е начин за сопствениот развој и напредок.

-Со оваа можност на Еразмус+ програмата ќе се обидам да откријам и научам се што Македонија и луѓето од овде можат да понудат и цврсто сум убедена дека го избрав вистинското место за тоа.

Паула доаѓа од Хуеска, близу до француската граница, град обиколен со планини и Национален Парк. Бидејќи таа го сака патувањето и е во очекување да го добие својот Сертификат за да почне да работи во својата професија, а практиканството во Македонија е совршен начин да ги зајакне своите вештини.

-Веќе ги направивме првите патувања со туристичката агенција и беше неверојатно. Навистина ми се допаѓа Македонија и нејзините неверојатни места за посета.

Денис е нашиот практикант кој живее и доаѓа од Сарагоса во Шпанија. Тој е студент на Енергетска ефикасност и Соларна Термална енергија, насока Електро-инжињерство. Тој моментално е во Солар Спектар, македонска компанија која потполно одговара на неговите интереси и професија.

-Како руски граѓанин кој престојува во Шпанија отсекогаш сум бил заинтересиран за мулти-културализмот и начинот на живот во другите држави. Оваа можност ќе ми ги прошири хоризонтите уште повеќе не само професионално туку и во комуникациите и лидерските вештини.

И Рубен Гарига е студент во рамките на автомобилската индустрија, со голем ентузијазам и посветеност на својата професија. Тој доаѓа од градот Бинефар во Шпанија и овде, во Скопје е практикант во Злате Бенц сервисот каде пронајде одлични пријатели во неговите колеги од работа кои веќе го подучуваат на основите на македонскиот јазик.

-Бидејќи работам во оваа индустрија веќе извесно време цврсто сум убеден дека ова е одлична прилика да се продолжи и стекне поголемо професионално искуство.

Тимот за подршка на Волонтерскиот Центар Скопје им посакува пријатен престој на практикантите во нашата земја надевајќи се дека тие ќе ги исполнат своите очекувања, како професионално така и индивидуално и ќе понесат дома убави спомени вредни за споделување и паметење.