You are currently viewing (Македонски) Повик за обука од областа на сексуалното и репродуктивното здравје и Peer to Peer едукација!

(Македонски) Повик за обука од областа на сексуалното и репродуктивното здравје и Peer to Peer едукација!

Во рамките на Erasmus+ Youth in Action Program Western Balkan Window, со соработка на повеќе Европски држави, Волонтерски Центар Скопје  како дел од работниот план и партнерство за имплементација на компонентата “КNOWLEDGE BEATS TABOOS”  објавува повик за учество на обука од областа на сексуално и репродуктивно здравје.

Обуката се состои од дводневна работилница за запознавање со сексуално и репродуктивно здравје

– Полово преносливи болести

-ХИВ/СИДА

– Контрацепција

– Предности и негативности кај различните видови на контрацепција

  • Youth Peer education

Обуката ќе се одржи на 14 и 15 Мај 2018 година во Скопје. Учесниците кои ќе ја поминат обуката, ќе  добијат сертификати. Обуката е бесплатна и сите трошоци(материјали, храна и освежување) ќе бидат покриени од страна на Волонтерски Центар Скопје.

Ги покануваме сите млади кои:

  • се на возраст од 15 до 19 години;
  • сакаат да добијат информации во полето на сексуалното и репродуктивното здравје и права;
  • сакаат да работат во тим, знаат да исполнуваат задачи навреме;
  • се мотивирани да станат волонтери во ВЦС.

Заинтересираните најдоцна до  Петок 11 Мај 2018 година треба да ја пополнат пријава за присуство на врсничка едукација на следниов линк.

Бројот на учесници е ограничен.

Во очекување сме на вашите пријави.

Со Почит

Тимот на ВЦС