Бараме 1 учесници од Македонија, на возраст помеѓу 18 и 44 години за тренинг курсот „United through education“.Тоа е проект кој се основа на развој / креација меѓу младински работници: свест за концептот на културата и нејзините димензии, пристапи кои се користат во неформално образование, решавање на проблеми / конфликти во интеркултурен контекст и развој на компетентност во олеснување на процесот на учење (фасилитација) врз основа на методологија земена од неформално образование.
Проектот е меѓународна обука на младински работници, лидери на интеркултурни организации, вклучувајќи 24 младински работници (3 искусни тренери) од Словачка, Шпанија, Малта, Грција, Естонија, Литванија, Хрватска, Република Северна Македонија и Полска.
Цели на проектот:
-Создавање на портфолио со евиденција на нови, иновативни методи на социјално вклучување, со посебно нагласување на концептите за: дискриминација, стереотипи, бегалци, интеркултурно учење и исклучување
-Утврдување на свеста кај младинските работници за специфичноста и сложеноста на процесот на фасилитација за време на интеркултурни состаноци и обуки
-Зајакнување на компетенциите на младинските работници во контекст на планирање и имплементација на ефективни образовни активности на меѓународно ниво
-Изразување на разни димензии на културата и како тие се поврзани со интеркултурното учење
-Тестирање и проценка на квалитетот на развиените алатки во различни групи на изоставени млади
– Создавање на портфолио со сет на методи и алатки за обуки во интеркултурна средина, со посебен акцент на вклучување на дискриминирани групи
Пријавете се за првиот дел кој зазема место помеѓу 23.05-31.05.2019 во Банска Штиавница, Словачка.
Испратете ни мотивационо писмо на англиски на vcs_contact@yahoo.com.
Насловете го маиилот “TC in Slovakia”.
Краен рок за пријавување е 15.05.2019.
Повеќе инфо: United through Education
Ќе има второ одржување на проектот во периодот 14-21.09.2019 година.