Отворен повик за тренинг курс што ќе се одржи во Благоевград, Бугарија од 13-21 Мај 2019 година. На тренингот ќе учествуваат 30 младински работници од Велика Британија, Италија, Бугарија, Шпанија, Грција, Романија, Турска, Кипар, Холандија и Македонија.
Потребни се 3 учесника со следниот профил:
-Младински работници, лидери, координатори, НВО претставници со искуство или вештини во областа
-Да го користат активно англискиот јазик
-На возраст над 18 години
Потребата на проектот произлегува од растечките тензии и насилство помеѓу малите етнички/групи мигранти и нараснатите тензии во самите членки на ЕУ по прашање на национализмот и расизмот. После подолга анализа на ситуацијата во земјите партнери и долгогодишното искуство на партнерите во оваа област заедно го изготвивме концептот на овој предлог проект. Шовинизмот, расизмот и дискриминацијата пропратена со насилство и закани кон малцинствата ја налага потребата за изнаоѓање стратегии за решавање на конфликтите, радикализацијата и насилството помеѓу младите луѓе.
Главните цели на проектот се:
-да се развијат знаења, вештини и компетенции на младинските работници во разрешувањето на конфликтите и градење на миољубиви решенија
-да им се обезбеди разбирање на концептот за ненасилно делување и едукација за човековите права кои можат да ги применат во локалните заедници за избегнување конфликти и насилна радикализација меѓу локалните млади луѓе
-да ги мотивира учесниците за застапување на ненасилни активности на локално, национално и меѓународно ниво и истите да го шират тоа и делуваат како амбасадори на мирот
-да ја поттикнат соработката меѓу организациите за понатамошни активности и иницијативи во изградба на мирољубиви решенија помеѓу младината
-да ги промовираат европските вредности на интеркултурен дијалог, мир, анти-дискриминација, разновидност, почитување на човековите права, толеранција и солидарност.
Пријавете се со испраќање на мотивациско писмо на англиски на нашиот маил: vcs_contact@yahoo.com
Со наслов: “TC in Bulgaria”
Краен рок за пријавување е 22.4.2019.
Повеќе инфо: Infopack