Волонтерски Центар Скопје беше партнер на меѓународен тренинг курс на локација во близин ана Букурешт, Романија. Тројца претставници на ВЦС присуствуваа на тренинг курсот, на кој главна тема претставуваше “Како подобро да се разбере значењето на позицијата на Ментор и како да се обучат подобри ментори, за потребите на организациите”. Повеќе од 30 млади луѓе, од Романија, Македонија, Израел, Грција, Турција, Грузија, Полска и останати земји, поминаа 10 дена заедно во прекрасните Романски планини и се занимаваа со темата “Менторство”, и заминаа дома со повеќе знаења и разбирање за целокупната ЕВС програма. Меѓусебното дружење на учесниците од Македонија и Грција на овој тренинг курс, уште еднаш покажа дека кај младите луѓе преовладува чувството на разбирање и прифаќање, и дека воопшто не се тангирани од наметнатите политички и меѓудржавни спорови.