You are currently viewing Чекор-по-чекор водич за менторство во меѓународна мобилност

Чекор-по-чекор водич за менторство во меѓународна мобилност

Водичот за млади професионалци има специфична цел: да помогне во спроведувањето на менторски активности во рамките на нивните организации на европско ниво. Дизајниран е да го подобри капацитетот и знаењето на младинските професионалци, помагајќи им во усвојување на нови методи и практики поврзани со менторството.

Бидејќи е тесно поврзан со наодите од Транснационалната студија спроведена во рамките на проектот “MENTOR”, водичот вклучува сознанија од менторите и менторираните ширум Европа кои учествуваа во истражувањето. Водичот е дизајниран да одговори на идентификуваните потреби на учесниците и да обезбеди насоки како да се задоволат истите.

Водичот целосно кореспондира со главната цел на проектот “MENTOR”, а тоа е да се зајакне капацитетот на младинските професионалци да го имплементираат и/или да го зајакнат нивниот систем за менторство за да се олесни интеграцијата и поддршката на идните учесници во меѓународната мобилност.

Проектот предлага иновативен метод на менторство наречен “Ментор+”. Овој метод е иновативен со тоа што ги надополнува постоечките рамки за менторство кои веќе се потребни за европските програмите за меѓународна мобилност. Всушност, програмите како ЦЕС, Француската Граѓанска служба или „Еразмус+“, бараат секој учесник да биде придружуван од ментор во текот на неговиот проект за мобилност. Но, пристапот „Ментор+” нема за цел да ги замени овие системи, туку да ги подобри со нудење дополнителна и засилена поддршка.

Назначените ментори, како во програмата ЕСК, се одговорни за обезбедување поддршка за саморефлексија на волонтерите во учењето, како и професионална и лична поддршка. Во рамките на проектот “MENTOR”, партнерите имаат за цел да развијат метод што ќе им овозможи на учесниците да бидат придружувани од ментори (Ментор+) за интеркултурни и лични аспекти, од поединци кои веќе искусиле слични ситуации.