You are currently viewing Споделување радост

Споделување радост

Фондацијата КАТ објавува повик за волонтери за краткорочен ЕВС во Лезно, Полска од 2ри април до 31 мај 2019 година

 

Дали сте некој кој сака спорт, уметност, театар, работење со деца и млади? Ако исто така уживате да споделувате приказни за вашата земја и вашата култура, тогаш можеби вие сте оној за проектот „Positive vibes“. Ова е одлична можност да се испробате себеси во меѓународна средина, да споделите и да ги запознаете локалните млади луѓе со можностите кои ги нуди Еразмус +, како и да се здобиете и со повеќе самодоверба за она што го правите и како влијаете на светот.

Сите од 18 до 30 години може да се пријават за овој проект.  Ќе учестувате на проект и активности со други девет волонтери што ќе дојдат за овој краткорочен ЕВС, како и волонтери што се веќе на долгорочни проекти во Полска. Сместувањето ќе биде обезбедено од страна на организацијата домаќин и ќе делите соба со другите волонтери.

Ако сте заинтересирани да учествувате на овој извонреден проект, испратете ваша кратка биографија и мотивационо писмо до 27 февруари на vcs_contact@yahoo.com