Сончево време, духот на пријателското ривалство, мотивирани трчачи и уникатен забавен амбиент – 3ти октомври беше Маратонски ден во Скопје. Оваа недела централните улици на главниот град беа затворени за годишниот спортски настан. За неколку часа, атлетичари од Македонија, но исто и од другите делови на светот дојдоа да трчаат 5, 21 или 42 километри. Кога помошта е потребна, нашиот ВЦС тим со задоволство се придружува.
Волонтирањето во текот на настаните со трчање е шанса да се развијат нови вештини, да се запознаат необични луѓе и активно да се помине времето. Нашите волонтери од ВЦС подаваа вода и банани за амбициозните трчачи. “Никогаш не сме викале “Ајде!” толку пати во животот”- вели Јоланта. Имаше музика, танц и многу позитивна енергија.
Исто така, нашата волонтерка од Полска, Ана успешно учествуваше во полу-маратон. “Ми беше првиот полу-маратон кој сум го трчала со други луѓе.”, кажува Ана. “За жал, немаше многу поддржувачи на улиците, но знаејќи дека моите пријатели од ВЦС ќе бидат на штандот ми даде мотивација.” Имајќи публика која навива за маратонците може навистина да им даде порив. Се надеваме дека следниот пат ќе ни се придружите. Ајде!
Клариса Леуте
Јоланта Чиопчинска
Преведувач: Мартина Даниловска
Фотографии: Елена Десковска