Од 16-19 април 2018 година, во Љубљана, 13 млади ентузијасти од Турција, Италија, Полска, Литванија, Македонија и Португалија беа дел од Тренинг курсот „RE-thinking LEADership”, финансиран од Еразмус плус програмата на Европска Унија, а организиран од Институтот за младинска вклученост, здравје и одржлив развој од Словенија. Претставници од Волонтерски Центар Скопје беа Андреј Наумовски и Ангела Рајчевска.
Четиридневната програма за ReLEAD координатори беше исполнета со интерактивни работилници на кои се расправаа повеќе проблеми и предизвици. Бевме дел од тренинг на кој ги откривме нашите силни страни и преференции преку рефлексија и споделување. Го отворивме полето на лидерството и научивме како да земеме активна улога во секојдневните животни ситуации. Тимската работа зазема голем дел од процесот, каде што користејќи симулации и тим-билдинг активности ги развивме нашите способности за справување со луѓе и тимски проблеми. Низ дискусиите, исто така, се обидовме да го разбереме трендот на социјална промена и да оформиме една визија користејќи алатки за справување со најразлични проблеми. За време на тренингот го развивме нашето критичко и аналитичко мислење и сфативме дека иднината е еден заеднички идеал.
Оваа програма, во која приматот беше да се осврнеме внатре, кон себе, кон нашиот изворот на енергија, беше одличен тренинг кој ни помогна да си ја организираме својата енергија и своето време на продуктивен начин.
Ангела Рајчевска