Брошурата за добри практики е дел од проектот “NO Hate Speech: Increasing Competencies of Young People to Use Media and Theater Based Tools to Combat Hate Speech” („БЕЗ говор на омраза: Зголемување на компетенциите на младите за користење алатки засновани на медиуми и театар за борба против говорот на омраза“.)
Проектот се состоеше од две младински размени, едната беше реализирана во Архус, Данска од 14-ти до 23-ти мај 2022 година и втората, во Љубојно, Македонија од 11-ти до 20-ти јуни 2022 година.
Во оваа брошура се вклучени: ден по ден следење на активностите, слики од сесии, опис на методи и активности за време на двете размени.
Проектот „БЕЗ говор на омраза: Зголемување на компетенциите на младите за користење медиумски и театарски алатки за борба против говорот на омраза“ беше реализиран со поддршка од програмата Еразмус+.
Исто така, овој проект и неговите резултати не би биле возможни без работата и напорите на European Community Media Center Aarhus од Данска, како водечки апликант на проектот и Здружението за волонтерство Волонтерски Центар Скопје од Македонија.
Би сакале да им се заблагодариме на нашите партнери: Esprominho од Португалија, Mladinski Center Dravinjske Doline од Словенија, 3D Friends од Латвија и Mladi za Marof од Хрватска.