NEWS in VCS

Родова нееднаквост, мобилност за студентите, здрава исхрана, човекови права, ЛГБТ заедница се некои од клучните зборови на општествените кампањи на кои сега работат учесниците од нашиот локален проект „Премостување на поделените заедници со младинската работа“. За повеќе информации ве молиме посетете ја веб страницата на проектот. Следната недела, во вторник, на ВЦС тимот ќе му се приклучат 3 ЕВС волонтери од Обединетото Кралство на краткорочен ЕВС проект. Во текот на два месеци тие ќе имаат можност да го откријат Скопје и Македонија преку очите на ЕВС и вие ќе имаат можност да ги следат нивните авантури на ЕВС блогот. Се наближува меѓународниот тренинг курс за подобрување на општествените и животни вештини кај младите на кој домаќин е Волонтерскиот Центар Скопје. Истиот ќе се одржи во април 2012 година и ќе поврзе младински работници и лидери кои доаѓаат од 12 земји, меѓу кои Грузија, Русија, Азербејџан, Португалија, Турција. Наскоро со повеќе информации.