Нова година, нов волонтер! Здраво Крис од Германија

Нова година, нов волонтер! Здраво Крис од Германија

Здраво дечки, јас сум Крис од Германија. Роден сум во Рудолштат, мало гратче во државата Турингија, „зеленото срце на Германија“. По 21 година и приближно 40 километри подалеку започнав да студирам Бизнис Администрација и Економија во прекрасниот град Јена. До крајот на 2018 година веќе можев да се наречам себе си магистер по наука…Но да бидам искрен, во моментов се чувствувам повеќе како „магистер во прашалници“ затоа што сеуште немам претстава што всушност сакам да правам. Само знаев дека треба да биде нешто „добро“, нешто корисно, нешто со што би можел да се идентификувам. Исто така знаев дека не бев спремен да влезам во „мртва трка“, барем сеуште не.

За време на моите студии отидов во Естонија, една година на размена. Веќе имав 25 години кога слетав таму и да ви кажам, тоа беше првпат да го видам авионот одвнатре. Денес можам со сигурност да кажам дека оваа година беше животна пресвртница за мене. Некој кој израснал во мало гратче без некоја сериозна намера да го напушти, конечно добив увид во она што животот има да го понуди. И можам да ви кажам дека тоа не е само вкусот на добар Бурек. За мене тоа беше како да го вкусувам забранетото овошје во Рајската Градина. Оттогаш знам дека сакам да го правам „тоа“ повторно.

Мислам дека овие две приказни ви дадоа груба претстава како стигнав до тука-во Скопје, на волонтирање во ВЦС, да пишувам за ВОИСЕС-за време на овие хаотични времиња на Мајката Земја.Знам дека сум во потрага по нешто што сеуште не сум го открил, можеби и нешто што нема никогаш да го најдам но знам сигурно дека ова мое патување ќе ме доведе поблиску до тоа.

Љубопитен сум што оваа година ќе ми донесе и што можам јас да дадам за возврат.Се надевам дека ќе научам и откријам многу нови работи, ќе стекнам многу нови искуства и конечно, да се запознаам себе си малку подобро.

Крис