You are currently viewing Нова седморка од Шпанија на пракса во Македонија!
qrf

Нова седморка од Шпанија на пракса во Македонија!

Во средината на минатата недела, во ВЦС-семејството ни пристигнаа седум млади ВЕТ-студенти од Шпанија како дел од „Еразмус+“ програмата. Сите тие доаѓаат од Барселона и студираат клиничка и биомедицинска лабораторија. Главна причина да дојдат овде е да ја завршат ВЕТ-програмата, која трае два месеци, но и да ја запознаат убавината на Македонија и нејзината култура. Тие се зачудени колку оваа земја е различна во споредба со Шпанија, од згради до култура. Ајде да ги запознаеме еден по еден.

Раул, 20
Овој среќен човек сака да игра фудбал, да се вози со автомобил и да се дружи со семејството и со пријателите. Тој сака да извлече максимум од можноста да биде тука. Дојде со позитивен став и смета дека ќе го направи овој престој овде уште попријатен.

Марта, 19
Марта се надева дека ќе доживее многу различни работи во Македонија за да научи и да расте како личност. Се опишува себеси како чувствителна личност и доби „мал културен шок“, но сепак ја сака Македонија. Во слободното време сака да тренира бокс.

Даниела, 18
Танцувањето, лизгањето и музиката се неколку работи што и се допаѓаат. Таа се опишува себеси како смешна и учтива. Тоа што е во Македонија и дава одлична можност да ги подобри јазичните вештини и да запознае нови луѓе.

Раул, Марта и Даниела ќе бидат практиканти во ПЗУ Дијагностичка лабораторија „РАМУС“.

Лорена, 19
Таа дојде за да стекне нови искуства од странство, да види и да научи како работите функнционираат овде во споредба со Шпанија. Лорена е весела личност и сака да поминува време со луѓе што и се блиски, но и да запознава нови и да разговара со нив

Карлота, 19
Кога пристигнала во Македонија, веднаш била воодушевена од планините и глетките. Карлота сака да запознае локалци, да проба работи од Македонија, да го види Скопје и да се забавува со пријателите. Малку е срамежлива и љубопитна, но, исто така, среќна што е тука.

Аина, 19
Сака да ја запознае македонската култура. Нејзиното хоби се стрелаштво и читање, а има одличен хумор. Таа веќе била во Јужна Кореа, а би сакала да ги посети Кина и Јапонија.

Аина, Лорена и Калрота ќе стекнуваат знаење  во Клиниката и лабораторијата за Онкологија.

Луиза, 19
Луиза е родена во Колумбија и се преселила во Шпанија кога имала 8 години. Таа е фасцинирана за луѓето, културата и погледите овде. Македонија е нешто сосема ново за неа и сака повеќе да ја истражува оваа прекрасна земја.

Луиса, пак, ќе го пече занаетот во Лабораторијата Дијагностика „Фармахем“.

Ја поздравуваме нашата шпанска група и им посакуваме одличен проекти и одличнио поминато време во нашата земја!