You are currently viewing Национална работилница: „Лидерски вештини на Координаторите за УПР и асертивна комуникација”

Национална работилница: „Лидерски вештини на Координаторите за УПР и асертивна комуникација”

Првата од трите последни годинешни активности за проектот: „Обезбедување квалитет за работата на координаторите за деловни врски“ беше успешно реализирана во изминатите два дена во Скопје. Станува збор за работилници според програмата: „Лидерски вештини на Координаторите за УПР и асертивна комуникација”, намената за професорите од стручните училишта низ земјава.

Проектот е финансиран од Австриското Федерално Министерство за Образование и Наука, во соработка со македонското Министерство за Образование и Наука и Центарот за Стручно Образование и Обуки на Македонија. Проектот е воден од ОеАД, австриска агенција за Образование и Интернационализам, а Волонтерски Центар Скопје е координатор и логистичка поддршка за Македонија.

Партнери:
OeAD
OeAD Cooperation Office Tirana
Министерство за Образование и Наука
Центар за стручно образование и обука