You are currently viewing Повик за волонтери во Литванија!

Повик за волонтери во Литванија!

Волонтерски Центар Скопје бара волонтери (18–30 години) за учество на долгорочен ЕСК-проект “Volunteering opportunities” во Литванија.

Место: Вилнус и Тракај, Литванија
Период:
јануари 2023 – јануари 2024 (12 месеци)

За проектот:
Проектот нуди волонтерски можности за неколку организации-домаќини (hosting) – различни организации имаат различни одговорности и активности. Преку неформалната едукација и работилници, волонтерите ќе имаат можност да организираат дневни активности и настани. На тој начин ќе стекнат нови вештини, ќе станат тимски играч и повеќе толерантни и одговорни граѓани. Oрганизации-домаќини се Основното училиште “Patirčių slėnis”, Градинка “Patirčių slėnis”, Градинка “Mamos delne” и СОС Детско село.

Повеќе информации: ИНФОПАКОТ

Проектен партнер:
 Saltes (Литванија)

Технички детали: Проектот е финансиран од „Еразмус+“, така што сите патни трошоци (до 275 €) ќе бидат покриени во согласност со прописите на програмата. Сместувањето и храната, како и часовите по јазик се обезбедени.

Како да аплицирате?

  1. Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик —> Формулар за апликација
  2. Закачете го вашето CV на англиски јазик во формуларот за апликацијата.

Краен рок за аплицирање: што можно поскоро!

Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.