You are currently viewing Национална Работилница за Вмрежување

Национална Работилница за Вмрежување

Волонтерски Центар Скопје го организираше и спроведе овој настан на 20 и 21 Јуни 2022 година, во хотел Дрим, Струга, како дел од од штотуку започнатиот регионален проект „Обезбедување квалитет во работата на Координаторите за учење преку работа“.  Присуствуваа повеќе од 60 училишни координатори и директори од сите градови во Македонија, како и претставници од министерствата, компании и од Центарот за стручно образование и обуки. Во позитивна работна атмосфера Националната Работилница потполно ги исполни целите преку тимска и групна работа и размена на најдобрите практики помеѓу учесниците.

Проектот претставува логичко продолжение на претходно успешно спроведените обуки за училишни координатори од училиштата за стручно образование од цела Македонија, кои беа обучени да бидат врската помеѓу училиштето и компаниите каде учениците ја извршуваат практичната настава. Ова е регионален проект кој ги вклучува Албанија и Косово покрај Македонија, а е финансиран од Австриското Федерално Министерство за Образование и Наука, во соработка со македонското Министерство за Образование и Наука и Центарот за Стручно Образование и Обуки на Македонија. Проектот е воден од ОеАД, австриска агенција за Образование и Интернационализам, а Волонтерски Центар Скопје е координатор и логистичка поддршка за Македонија.

Partners :
OeAD
OeAD Cooperation Office Tirana
Министерство за Образование и Наука
Центар за стручно образование и обука