ВЦС и нашите волонтери заедно со колегите од „За почиста Македонија“ чистеа околу Марков манастир кај Скопје. Собравме дваесетина вреќи отпад, најмногу пластика и остатоци од храна.
Ова место најчесто се користи како место за излети, особено за време на долгите викенди. Природата ни дава удобност и ни дозволува да се одмориме од градскиот шум, но имаме тенденција да заборавиме да се грижиме за неа. Прво и основно, обврска на секој од нас е да го исчисти ѓубрето зад себе. Нашиот тим отиде таму овој понеделник со цел да го исчисти теренот од ѓубрето што го оставија излетниците и да ги отстранат есенските лисја што ја покриваат земјата. Резултатите беа извонредни; природата исчистена од тони ѓубре и од лисја повторно блеснаа нејзините вистински бои. Ние се надеваме дека ќе остане вака и повеќе луѓе ќе вложат напори да ја одржат чиста и убава.
Не барајте човек за пример – бидете еден од нив!
Акцијата беше дел од проектот: „European Youth at the frontlines of active citizenship: A Roadmap towards a collective South-North-East-West Momentum” организиран од Волонтерски Центар Скопје, а поддржан од Европската комисија преку програмите „Ерасмус+“ и „Европските млади заедно“.