Идејата за живеење во друга држава и тоа сосема сам, може да звучи страшно и предизвикувачки на почеток. Но, во исто време, за некого може да биде возбудливо. Нормално е да се соочиме со некои предизвици на почетокот на нашата авантура. Тоа може да биде културниот шок кога ќе пристигнеме во друга држава, јазикот, јавниот превоз и многу други причини. Јас сум Нина, имам 19 години и се одлучив да го споделам моето искуство со другите, кои можеби се заинтересирани за нешто слично.
Во моето лично искуство, се соочив со неколку од овие предизвици кога се преселив во Германија каде сум на неколкумесечен волонтерски ЕСК-проект. Кога пристигнав тука – не знаев никој кој живее овде и тоа ми беше малку застрашувачки. Не знаев ниту да зборувам германски, ниту да се снајдам во јавниот превоз. Но, ваквите почетоци се добри за нашиот личен развој, и секогаш е добро да имаме нешто што ќе не извлече надвор од нашата удобна зона. Покрај тоа го зголемуваме самопознанието, ги зајакнуваме нашите способности за приспособување и откриваме нови нешта за самите нас. Живеењето во друга држава ни овозможува да научиме многу работи за културата, традициите и начинот на живеење во неа. Оваa прилика ни овозможува уникатен поглед кон светот и ги проширува нашите перспективи, поминувајќи ги границите на она што ние веќе познато. Ваквите нешта секогаш ни носат позитивни резултати.
Едно од најголемите богатства кои можеме да ги понесеме со нас се спомените. Сите тие спомени што ги креираме додека сме таму се непроценливи, и сите пријателствата кои ги ствараме попатно. Сите искуства кои ги споделуваме, сите места кои ги посетуваме и се она што го учиме и впиваме. Волонтирањето ни овозможува да ги доживееме сите овие нешта на едно место. И тоа е една од причините што го прави ова искуство посебно. Со волонтирањето, исто така, стекнуваме можност да направиме разлика и да го подобриме светот. И не е секогаш нешто големо. Трансформацијата секогаш започнува со нешто мало, и од нас. Ние можеби не ги гледаме промените веднаш, но секогаш има некој кој ќе не потсети дека тоа што го правиме, има некаков придонес. Тоа е едно од многуте нешта кои ги научив тука. Дека секогаш имам некој на кој можам да се потпрам, кој може да го забележи мојот труд кога јас не можам, и да ме поттикне да продолжам понатаму со мојата работа. Волонтерската заедница е вистина нешто кое вреди да се искуси, и да се биде дел од неа.
Ова искуство ни ги отвара вратите кон поголеми нешта и не потсетува да го гледаме светот со поинакви очи. Сите несигурности и стравови кои ги имаме на почетокот, вреди да ги искусиме за да можеме да уживаме во понатамошните нешта кои следат во текот на нашето престојување. И добро е да знаеме дека секогаш имаме некој на кој може да сметаме за било каков проблем, дали е тоа организацијата која не испраќа или онаа што не прима. Исто и волонтерите со кои го делиме секојдневниот живот тука, се одлична прилика да ги споделиме проблемите и да најдеме решение.
Доколку се двоумите за нешто слично на моето искуство, би ви препорачала да се одлучите за тоа, бидејќи нема да згрешите. На сите ни треба нешто да не поттикне и да ни помогне да се одлучиме на почетококот, па се надевам ова ќе ви биде од корист.
Нина Петревска
Нина е наша ЕСК-волонтерка на проектот „KulturHaus and sustainability“ во Бремен, Германија.
Проектен партнер: NaturKultur e.V