Волонтерски Центар Скопје со задоволство објавува дека во октомври 2011 започнува нов локален проект „Премостување на поделените заедници преку младинска работа“ кој ќе биде реализиран со поддршка на Амбасадата на САД во Скопје. Проектот Премостување на поделените заедници преку младинска работа ќе обезбеди можност за 30 млади луѓе на возраст 17-25 да учествуваат во долгорочниот тренинг курс кој ќе се одржува од ноември 2011 до крајот на април 2012, вклучувајќи различен спектар на активности – презентации, дискусии, симулации, теренски патувања со цел да се зголеми знаењето на учесниците (одржлив развој, управување со проекти и конфликти) и нивните вештини (комуникација, лидерство, тимска работа), а уште повеќе да им обезбеди можност да стекнат директно искуство во непрофитниот сектор и да ги мотивира за да станат активни во нивните локални заедници и да придонесуваат за промени. Работниот јазик на долгорочниот тренинг ќе биде англиски. Учесниците треба да бидат способни да разбираат, да изразуваат идеи и мислења и да комуницираат на англиски. Исто така, за пополнување на апликацијата користете англиски јазик, ви благодариме.Важно! Не бараме совршена граматика. Не се плашете ако вашиот англиски не е совршен. Најважен е интересот за учество. Ајде да го изградиме мостот