Од 5-ти до 10-ти Септември, ние отидовме заедно со Ману, Куба и Крисиек (волонтери од Струга), Мигел и Анита (волонтери од Битола), на on-arrival тренинг во Сараево. Го напуштивме Скопје во 8 часот навечер и само после 15 часа со автобус пристигнавме во Босна, ладни како краставици… Додека траше тренингот, ние имавме можност да ги запознаеме другите волонтери кои волонтираат низ целиот Балкан, имавме можност да зборуваме за нашите проекти, да споделуваме искуство, стравови и очекувања и да направиме план, да се посетиме сите во наредните месеци. Освен тоа на тренингот учевме како да учиме, потоа за културен шок, влијанието на ЕВС волонтерите на локално ниво, што да правиме за да сме поактивни, како да решаваме конфликти, учевме за правата и одговорностите на организацијата испраќач и организацијата примач и за нашите волонтерски права и одговорности. Најдобриот дел од тренингот беше, кога мојата група имаше за задача да изгради мост, помеѓу столчиња, кој ке издржи едно јајце. Навистина е штета што немам ниту една слика да Ви покажам како изгледаше нашиот Калатрава мост!
Бевме толку многу волонтери, што не поделија во 2 групи. Како и да е, ние се интегриравме за време на оброците, на ручек паузата и во слободното време кое го имавме после вечерата. Тоа беше исто така добар дел, бидејки навистина споделивме огромно искуство и идеи, учевме за нашите проекти и си дававме коментари едни на други. Тренингот не ни даде едно единствено решение, како да се “држиме” на Балканот, но тоа не ни беше поентата. Ни даде инспирација, некои идеи, мотивација, многу контакти… и што ке направиме ние со сето ова, зависи, секако од нас. После тренингот заедно со МАну, Анита и Крисиек, ја започнавме нашата едно неделна екскурзија до Македонија, но тоа е друга приказна!