Главниот настан на Ајде Македонија! во 2012 година е акција за чистење на национално ниво која ќе се одржи на 6 октомври 2012 година. На денот се надеваме дека ќе поттикнеме и охрабриме што е можно повеќе луѓе да излезат и да ги исчистат нивните локални заедници и природата околу нив. Доаѓајќи до тој ден ќе се одржи “Пролетно чистење” пилот акција во 5 општини – Кисела Вода, Сарај, Струга и Дојран (на 21 април 2012) и Липково (на 22 април 2012 година). Во текот на летото повеќе работилници, едукативни обуки и други активности ќе следат. Здружението “Let’s do it Macedonia!” (Ајде Македонија!) е граѓанско движење, чија цел е да го исчисти илегално фрлениот отпад во земјата, да се подигне свеста за проблемот со отпад и со загадувањето и ги едуцира луѓето за алтернативно одржливо управување со отпадот и начини на рециклирање.