You are currently viewing „Нахрани го мозокот, наместо твоето тело„ продолжува!

„Нахрани го мозокот, наместо твоето тело„ продолжува!

„Feed your Brain, instead of your Body„ е социјална кампања организирана со подршка на локалниот проект на Волонтерски Центар Скопје наречен „Премостување на поделени заедници од страна на млади луѓе„ кои им овозможи на учесниците шанса да ги реализираат своите идеи во вистински акции. Социјалната кампања „Feed your Brain, instead of your Body„ почна да се реализира во Вторникот на 17 Април со промоција на филмот Food in во МКЦ и продолжи со интерактивна презентација во Петокот на 20 Април во канцеларијата на Волонтерски Центар Скопје. Додека траеше презентацијата учесниците имаа шанса да го зголемат своето познавање околу здравата исхрана и исто така да земат дел од активноста за дегустација на храна. Доколку би сакале да се запознаете подлабоко со неутриционизам и диета како и да заземете дел од натпреварот во храна, може да дојдете во Сабота на 28 Април во гратскиот парк во Скопје, на школка, каде што ќе се одржи и завршниот настан на оваа кампања. Спремете се !