You are currently viewing Inclusion through media

Inclusion through media

Уште еден тренинг курс е на повидок!

Потребен е 1 учесник од Македонија.

Дали некогаш си работел со радио, новинарство или нешто слично? Секогаш си мислел дека интернетот е одлично место да се споделат новостите и да се допре до луѓето? Сакаш да научиш нови начини за емитување и објава на твоите пораки? Дали сакаш да помогнеш на ранливите групи?

„Медиуми: Клучни алатки на социјалната инклузија“ е проект кој се состои од две активности, а првиот дел ќе се случи во Архус, Данска на 28-ми Март. Ќе имаш 5 интензивни денови на тренинг за новинарство на интернет страниците, медиуми, нивната моќ и начини на давање глас на луѓето. Исто така ќе имаш можност да учествуваш и на вториот дел на проектот во Мај што ќе се случува во Грција.

Ако ова ти звучи како нешто што не сакаш да го пропуштиш испрати CV и мотивациско писмо на: vcs_contact@yahoo.com до 20-ти Февруари 2019 година.