Обуката “Подобрување на социјалните и животни вештини каj младите” беше имплементирана од страна на Волонтерски Центар Скопје, со поддршка од Програмата Млади во Акција во април 2012 година со цел да се зголемат вештините и способностите на младите работници и лидери од 12 земји како да работат со млади луѓе со намалени можности кои се соочуваат со социјална исклученост и маргинализација и како да развијат идеи за идни проекти со кои ќе можат да се имплементираат на локално и на меѓународно ниво. Во текот на проектот беа собрани проектни приказни кои беа користени за креирање на финални производи од проектот – видео увид, како и брошура за добри практики и приказни од учесниците одразувајќи ги прашањата и темите опфатени со обуката. “Овој проект е финансиран со поддршка од Европската комисија. Оваа публикација [комуникација] ги одразува ставовите на авторот и Комисијата не може да биде одговорна за било каква употреба што може да се направи на информациите содржани во неа.”
