Шпанците, очигледно се вљубени во Македонија. Уште една недела и уште една група Шпанци пристигна во Скопје. Оваа нова група од 6 луѓе од Барселона ќе остане еден месец работејќи во различни канцеларии низ градот, во различни области, како бизнис, маркетинг и администрација. Волонтерски Центар Скопје ќе им биде домаќин за време на нивниот ВЕТ-проект. Ајде да се запознаеме малку со нив.
Ема Утрила Перез, 17 години. За време на детството не патувала многу, иако посетила некои земји во близина на Шпанија. Во слободно време сака да слуша музика и да игра кошарка или одбојка. Таа, исто така, многу сака да учи јазици, па ова е одлична можност да открие повеќе за другите култури и да ги подобри нејзините способности за зборување на други јазици.
За неа Македонија е пријатна земја полна со интересни места за посета и има многу прекрасни пејсажи во кои таа навистина ужива. Историјата е исто така фасцинантна, а храната овде е толку вкусна!
„Сигурна сум дека ова ќе биде несекојдневно искуство. Ќе можам да излезам од мојата комфорна зона, да стекнам самостојност и да пораснам како личност“.
Ема е на пракса во Волонтерски Центар Скопје.
Ју Померет, 16 години. Да, добро го прочитавте нејзиното име, тоа е „You“. Студира стручно оспособување за комерцијални дејности. Таа во иднина би сакала да работи во областа на маркетингот, бидејќи ги обожува рекламирањето, промоциите… Во моментов, таа ги реализира својот „Еразмус+“ проект и тоа во Македонија, која не и беше прв избор, но како што вели „Македонија е прекрасна земја со прекрасни пејзажи“.
Во слободно време сака да чита, готви и да се среќава со своите пријатели. Таа се опишува себеси како пријателска личност, бидејќи е многу дружељубива и сака да запознава нови луѓе, да стекнува нови пријатели и да открива други култури. Нејзините очекувања од оваа пракса се: да биде понезависна, да стекне нови пријатели и да помогне и да придонесе за компанијата.
Ју е на пракса во ЗАУМ.
Карла Бертан, 17 години. Студира бизнис и маркетинг. Кога аплицираше за програмата „Еразмус+“, таа не избра ниту една земја конкретна, но многу е среќна што е во Македонија. На почетокот, тоа беше малку шокантно за неа, поради многуте разлики во споредба со Шпанија, „но да бидам искрена, ми се допаѓа овој град!“. Таа вели: „Времето е толку чудно, затоа што е толку топло, но може да врне во секое време, луѓето се многу убави, а историјата е толку интересна. Така, јас сум среќна со оваа опција и не би ја менувала“.
Ако треба да каже само еден збор за да се опише себеси, веројатно тоа би било „креативна“, бидејќи отсекогаш сакала да црта и слика, а исто така, сака да мисли дека е љубезна, емпатична и со отворен ум.
Карла е на пракса во ЗАУМ.
Џерард Трујолс, 17 години. Во неговото училиште му било предложено да оди на проектот „Еразмус+“ во Македонија, а тој бил изненаден што ја има оваа можност. Тој сметаше дека тоа е одлична авантура да пораснеш како личност и мора да излезеш од зоната на удобност и да добиеш нови искуства кои никогаш нема да ги добиеш во својата земја. Џерард вели дека Скопје е многу убав град, културата и историјата се едни од најдобрите работи, но, сепак, најдобрата е храната.
„Ова ќе биде неверојатен месец кој најверојатно ќе го паметам до крајот на мојот живот. Многу сум возбуден што почнав да работам и да научам повеќе за оваа фантастична земја“.
Џерард е на пракса во ЗАУМ.
Мартина Бордас, 16 години. Студентка по комерцијални дејности и во иднина нејзиниот фокус е на рекламирање и ПР. Како и другите, таа аплицираше за проектот „Еразмус+“, а Македонија не беше нејзиниот прв избор, но и даде шанса да дојде како да е прва опција. За време на престојот во Скопје, таа ќе работи во маркетинг секторот на компанија за соларна енергија, каде што ќе биде задолжена да се грижи за каналите на социјалните мрежи на компанијата. Зборот што ја опишува е „емпатична“.
Мартина е на пракса во Step Up – Talent Business Incubator.
Ориол Поу, 18 години. Тој се опишува себеси како спортски ентузијаст, но во иднина би сакал да работи на нешто поврзано со комерцијални активности. Кога слушна за можноста да дојде во Македонија – си рече зошто да не? И еве го. Ако има збор што му одговара, тој збор е „дружељубив“.
Ориол е на пракса во Step Up – Talent Business Incubator.