You are currently viewing Hola Македонија! Група од 10 ВЕТ-студенти пристигна од Шпанија!

Hola Македонија! Група од 10 ВЕТ-студенти пристигна од Шпанија!

Поздравете ги 10-те нови волонтери за стручно образование и обука, кои доаѓаат од Сабадел, град во близина на Барселона, Шпанија. Овде ќе останат еден-два месеци, работејќи на различни места кај нашите партнери низ Скопје: Резиденс Руски, Здружение Ластовица и во Салони за убавина и фризер. Во принцип, тие се многу среќни и возбудени што ќе го започнат ова ново поглавје во нивните животи и ќе создаваат животни спомени. Дозволете да ве запознаеме со нив!

Нереа

● 18 години
● Таа е многу креативна личност
● Скопје го смета за многу интересно и различно место од нејзината родна земја кога е во прашање културата. Таа сака да извлече максимум од ова искуство, исклучувајќи се од вообичаената рутина.

Лаура

● 18 години
● Таа е многу енергична
● Кога првпат слушна за Македонија, мислеше дека тоа ќе биде животна можност, бидејќи не е многу вообичаено да се посети таква земја, во споредба со Франција, Италија, Германија…
● Смета дека до крајот на ова патување ќе стане позрела личност и самосвесна за себе и за својата иднина.

Марија

● 18 години
● Таа се смета себеси за млада жена со многу доблести
● Доби можност да дојде во Македонија и не се двоумеше. Ова е нејзината шанса да го живее својот живот во потполност. Таа ја користи оваа можност за самораст и зрелост.
● До крајот на ова искуство, таа очекува да се подобри и созрева како личност.

Клаудија

  • 19 години
  • Вели дека зборот што најдобро ја опишува е сочувствителноста.
  • Избира да искуси нешто поразлично и ново во споредба со другите земји, да побегне од секојдневната рутина што ја имаше во Шпанија.
  • На крајот, таа сака да зборува англиски и подобро да комуницира и нема подобра земја за тоа од Македонија.

Су

  • 18 години
  • Се опишува себеси со жолта боја, бидејќи е многу енергична личност.
  • Таа доаѓа во Македонија по нова авантура.
  • На крајот на ова патување, се надева дека ќе расте како личност.

Клаудија

  • 19 години
  • Вели дека зборот што најдобро ја опишува е сочувствителноста.
  • Избира да искуси нешто поразлично и ново во споредба со другите земји, да побегне од секојдневната рутина што ја имаше во Шпанија.
  • На крајот, таа сака да зборува англиски и подобро да комуницира и нема подобра земја за тоа од Македонија.

Марта

  • 18 години
  • Со еден збор се опишува емпатична.
  • На почетокот за неа деална дестинација беше Германија, но проблемите што излегоа во „последна минута“ и ги сменија плановите, па ја искористи оваа можност да ужива во балканската култура.
  • Кога ќе заврши ова искуство, таа сака да се подобри како личност и да биде подобар професионалец.

Јанира

● 20 години
● Најдобрата придавка за да се опише себеси е екстровертна
● Сакаше да замине во Холандија, но на крајот, плановите малку се сменија, и кажа „да“ на Македонија, како можност да открие нова земја и да биде блиску до Грција, една од нејзините омилени.
● На крајот, сака да биде подобра како професионалец и личност, и повеќе да ги цени ситните нешта што ги има во Шпанија

Лола

  • 18 години
  • Се идентификува како мачка и е малку срамежлива кога не ја познава добро личноста.
  • Ја избра Македонија затоа што гледа многу убава земја, со неверојатни пејзажи и историски белези.
  • На крајот од ова искуство, таа се надева дека ќе биде посилна како личност и ќе стекне повеќе знаење.