You are currently viewing Повик за младинска размена во Естонија!

Повик за младинска размена во Естонија!

Волонтерски центар Скопје бара 5 учесници (18 – 24 години) од Македонија за учество во младинската размена „Be an Agent of Change“ во Естонија.

Место: Тостама, Естонија
Датум: 12.5. – 20.5.2022

За проектот:
За време на проектот, ќе работиме на подобрување на односите со природата и како да ги мотивираме младите да бидат поактивни во својата заедница и пошироко. Екипираме луѓе со знаење, млади со волја и заедно ќе направиме да се случат големи работи.

За повеќе информации: ИНФО-ПАКЕТОТ

Партнер на проектот: Noored Ühiskonna Heaks

Технички детали:
Проектот е финансиран од „Еразмус+“, така што сите патни трошоци (до 275 €) ќе бидат покриени во согласност со прописите на програмата. Сместувањето и храната се обезбедени. Котизацијата од 20 евра е вклучена во патните трошоци и истата ќе биде искористена за садење дрвца во Естонија.

Како да аплицирате?

  1. Испратете емаил на: vcs_contact@yahoo.com
  2. Наведете го името на проектот во предмет (на пр. Апликација за “Be an Agent of Change“)
  3. Претставете се накратко и наведете за кој проект сте заинтересирани
  4. Закачете го вашето CV на англиски јазик
  5. Закачете го мотивационото писмо на англиски, со одговори барем на сл. прашања:
    • Кој сте вие?
    • На која возраст сте?
    • Зошто сакате да учествувате?
    • Како може да придонесете за проектот?

Краен рок за аплицирање: 04.05.2021

Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.