Во средината на летото, Волонтерски Центар Скопје беше домаќин и ко-организатор на младинската размена за проектот: „HMB soft and HEMA as a tool for battling youth inactivity” што се одржа во Љубојно, Македонија. Триесетина учесници од Македонија, Хрватска, Србија и од Франција, во периодот од 26 јули до 3 август ги учеа основите на HEMA и HMB Soft. Но, што е, всушност, тоа?
Во HEMA („Historical European Martial Arts / Историски европски боречки вештини“) станува збор за начинот на кој луѓето се бореле меѓусебно во средновековните времиња. Со оружје за вежбање, HEMA нѐ учи како се користеле разни видови на копја, мечеви, оклопи, ками, секири, боздогани… Со учење основни движења без никаков ризик да бидеме повредени, тоа е, всушност, забавен спорт кој ни овозможува да играме како кога сме биле деца. HMB („Historical Medieval Battle“ што значи „Историска средновековна борба“) е сепак на посериозно ниво: борачите користат вистински оклоп и несмртоносни оружја да репризираат борби што е можно поблиску до реалноста. Изведено од професионални истренирани борачи, демонстрацијата беше многу импресивна: да се гледа средновековен филм не е доволно за да сфатиме колку е застрашувачки кога еден целосно опремен витез маршира накај вас. Младинската размена беше организирана во партнерство со обучена организација како Manufactura Historica од Хрватска, и White Eagles – српска асоцијација која предава вакви спортови.
Целата недела беше посветена на различни активности, а групата беше поканета да настапи на Илинденските прослави на почетокот на август. Членовите на White Eagles ги учеа учесниците како да направат меки мечеви и штитови за тренинг. Помеѓу надгледуваните сесии за вежбање и спонтаните битки каде младите волонтери ги вежбаат своите нови вештини, како и обука за стрелаштво и објаснувања за тоа како функционира оружјето и нивната историја, проектот беше и можност да се сподели и да се научи еден од друг. Културната вечер ни овозможи да вкусиме традицицонална храна од земјите-партнери, како и да споделиме танци и песни од Македонија, Хрватска, Србија и од Бретања – дел од Франција, со цврста култура и традиции. Младите учесници, исто така, имаа можност да го истражат градот Охрид, односно голем дел од неговите богатства како античките згради, уметнички дела и местата во срцето на македонската религиска и архитектонска историја.
Надвор од целта за заедничко учење, главната цел на проектот беше да се инволвираат и активираат и локалните млади. Поради тоа тренингот се оддржа во стари бараки кои не се користат, a кои младите од селото ги преобразија во живописно и динамично место. Многумина од нив учествуваа во активностите, овозможувајќи им на гостите од странство да се запознаат и да откријат повеќе за селото и неговата историја. Ова искуство им овозможи на учесниците да си заминат со корисни алатки што може да ги употребат во иднина при спроведување оригинални и инклузивни работилници. Основите на HEMA може да се изучуваат од мала возраст, а средновековниот свет е извор на имагинација и активности. На овој начин, проектот беше прилика да даде понатамошно значење на HEMA и HMВ, што остануваат непознати за генералната јавност. Зборуваме за значење кое оди надвор од страста за историјата и боречките вештини, како и за креирање мостови помеѓу разни заедници и националности и влучувајќи млади луѓе во локалниот живот преку споделување на добро поминато време со луѓе од сите возрасти… Бидејќи нема ништо подобро од добар дуел во вистинско време!
Јун Ле Бри
Превод: Мартина Даниловска
Партнери на проектот: Young Explorers for New Skills (Франција), Beli Orlovi – White Eagles (Србија), Manufactura Historica (Хрватска)
Проектот е финансиран од Erasmus+ преку Agence Erasmus+ France Jeunesse & Sport (Agence du Service Civique).