Moin Moin,
моето име е Фиона. Имам 19 години и доаѓам од мал град во близина на Хамбург во Германија. Неодамна завршив средно училиште, а во следните 11 месеци ќе волонтирам во ВЦС и ќе ја истражувам Македонија, како и другите земји на Балканот.
Како извидник, патувањето отсекогаш било важен дел од мојот живот. Сакам да ја доживувам природата и да запознавам различни култури. Во слободното време сакам да ја „надополнувам“ старата облека и да создавам нешто ново. Фотографијата е, исто така, еден од моите интереси и сакам да снимам со аналоген фотоапарат, бидејќи сликите секогаш се изненадување.
Се надевам дека моите сеќавања ќе бидат топли како сликите од аналогна камера и со нетрпение очекувам да ги направам!
Фиона Шуман