Што е потребно за да се стане дигитален уметник и како да се заработи од тоа? Одговорите се тука!
Со гордост ви ја претставуваме брошурата „Од пиксели до профит: Чекори до монетизација на дигиталната уметност“, подготвена во рамките на проектот DALI 4 YOUTH преку програмата Еразмус+, а имплементиран од Ici & Ailleurs од островот Реунион, Франција, во партнерство со Волонтерски центар Скопје (Македонија), ZINI Foundation (Летонија), Centre for Research and European Studies (Италија) и Open Europe (Шпанија). Брошурата обезбедува опис на чекорите и начините за претворање на дигиталната уметност во извор на приход, како и успешни приказни на млади луѓе кои создаваат дигитална уметност во Македонија.
Накратко за проектот…
DALI 4 YOUTH: Дигитална уметност за учење, вклучување, создавање на еднаквост и прифаќање на различноста е проект кој ги таргетира младинските работници и младите луѓе, особено NEET, да ги подготви да се соочат со потребите на младинскиот сектор преку стекнување повеќе и подобрување на дигиталните вештини, повисоко ниво на креативност и поголема свест за ситуацијата со која се соочуваат NEET. Бидејќи младите се силно заинтересирани за дигиталната технологија, а уметноста е одлично средство за изразување и поврзување со другите, комбинирањето на овие два елементи ќе успее да ја промовира социјалната вклученост.
Проектот има за цел да ги зајакне компетенциите на младите работници и знаењето за ИКТ алатките за да создаде инклузивна средина во нивната секојдневна практика. Главната цел е да се направи младите поспособни да влезат на пазарот на труд и да преземат активна улога во општеството. Проектот ќе даде приоритет на развојот на дигиталните вештини преку креативност и уметност, како и зголемување на свеста за важноста на социјалната вклученост кај младите NEET, честопати жртви на стереотипите кои водат до социјална исклученост.